Се урна Ербас 320 во јужниот дел од француските Алпи

Париз, 24 март 2015 (МИА) - Авион од типот Ербас 320 на компанијата „Џерман вингс“ се урна денеска во јужниот дел од француските Алпи.

Во авионот се наоѓале 142 патника и шест членови на екипажот, јави француската телевизија И-теле.
Авионот летал на релација Барселона - Дизелдорф. „Џерман вингс“ е компанија - филијала на Луфтханза, а досега ниту еден од нејзините претставници не е достапен за коментар.
Авионот на летот  9525 полетал од Барселона со половина час задоцнување, во 10.01 часот по средноевропско време, а планирал да слета во Дизелдорф во 11.49 часот. Околу 10.47 часот испратил повик за тревога до контролата на летање, а половина час подоцна исчезнал од радарот.

Остатоци од леталото наводно биле пронајдени во едно француско село во близина на градот Барселонет, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

На местото на авионската несреќа веднаш биле испратени спасувачки екипи и возила на итна медицинска помош.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека местото на несреќата е тешко пристапно и се сомнева дека некој од патниците и членовите на екипажот е преживеан.

Премиерот на Франција Мануел Валс нагласил дека причината за уривањето на авионот засега не е позната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...