Нема преживеани во авионската несреќа

Париз, 24 март 2015 (МИА) - Нема преживеани во несреќата на авионот Ебас А 320 на компанијата Џерман Винг, кој денеска се урна во Јужна Франција, изјави денеска францускиот министер за сообраќај, Ален Видали.

- Повикот за пружење помош е снимен во 10.47 часот. Врз основа на тој сигнал е утврдено дека авионот се наоѓал на височина од пет илјади стапки во ненормална ситуација, рече Видали, дополнувајќи дека авионот набрзо потоа и паднал.

Авионот летал од Барселона до Дизелдорф, а се урна во Француските Алпи меѓу општините Дин и Барселонет, сто километри северно од Ница.



Во авионот имаше 150 патници и членови на екипажот. Шпанскиот вицепремиер Сораја Сајенс де Санта Марија изјави дека 45 од патниците најверојатно биле Шпанци.

Претходно и францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека во несреќата нема преживеани и оти меѓу жртвите има многу Германци. Тој дополни дека најверојатно меѓу загинатите нема Французи, туку биле Шпанци, Германци и Турци.

Оланд за овој инцидент разговарал и со германскиот канцелар Ангела Меркел, а нејзиниот потпарол соопшти дека таа била многу вознемирена и ги откажала сите свои средби.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој на Твитер напиша дека е потресен од несреќата, која ја квалификува како трагедија.

Германскиот министер за транспорт Александер Добрин отпатува на местото на несреќата, во зоната која е покриена со снег и непристапна за автомобили.

Француските авиодиспечери го откажаа за утре планираниот штрајк поради оваа авионска несреќа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...