Продолжува пребарувањето на местото на падот на Ербасот на „Џерманвингс“

Париз, 25 март 2015 (МИА) - Изутринава продолжува пребарувањето на местото во реонот на  француските Алпи каде вчера се урна авионот од типот „Ербас А320“ на германската компанија „Џерманвингс“ со 144 патници и шест членови на екипажот, јави дописникот на МИА од Париз.



Пребарувањата, во нив се вкучени 380 припадници на француската жандармерија и 380 пожарникари, се оценуваат како сложени. Деловите на авионот, кој се распрсна при ударот во планината, се расфрлани на површина од околу четири хектари на тешко пристапен терен меѓу местата Дињ и Барселонет.

Според припадник на спасувачките екипа, досега не е пронајден ниту еден поголем дел од авионот, освен предните тркала.

Како многу сложен се најавува и процесот на идентификацијата на жртвите, бидејќи и речиси сите тела биле распарчани.

Посмртните останки на жртвите се пренесуваат со хеликоптери, но лошото време и ниските облаци дополнително ја отежануваат операцијата.

Истражните органи работат и на пронаоѓање на втората црна кутија од авионот, откако првата беше пронајдена уште вчера и е започната нејзина анализа во Бирото за истраги и анализи. Со содржината на снимените параметри на летот на авионот ќе се направи обид да бидат откриени причините за катастрофата.

Засега не е познато зошто е прекината комуникацијата меѓу пилотите и контролата на летот. Котролорите на летот започнале постапка за „загрозеност на леталото“, откако на радарите забележе дека авионот лета многу пониско од дозволената висина. Падот на авионот траел цели осум минути.



Претставникот на авиокомпанијата „Луфтханза“, Хајке Бирленбах, изјави дека засега падот на авионот се третира како несреќен случај, додавајќи дека сите други причини за несреќата се шпекулации.

Ваквата изјава на Бирленбах следи отакако францускиот премиер Мануел Валс, вчера не исклучи ниту една хипотеза за причините за падот на авионот.

Најавено е дека денеска околу пладне местото на несреќата ќе го посетат претседателот на Франција, Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Авионот „Ербас А320“ на „Џерманвингс“ се урна вчера со 144 патници и шест членови на екипажот во реонот на Алпите, во јужниот дел на Франција, на 100 километри северно од Ница. Авионот летал од Барселона за Дизелдорф. Државниот секретар во француското Министерството за сообраќај Ален Видал уште вчера попладне соопшти дека при падот на авионот нема преживеани.


World News Videos | US News Videos



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...