Оланд, Меркел и Рахој на местото на несреќата на авионот

Париз, 25 март 2015 (МИА) - Во Сејн  лез Алп со ист хеликоптер околу 14 часот и 15 минути пристигнаа францускиот претседател Франсоа Оланд и канцеларката Ангела Меркел, додека шпанскиот премиер Мариано Рахој избра да дојде  до Сејн лез Алп со автомобил, јавува дописникот на МИА од Париз.

Тука е подигната импровизирана капела, каде им се оддава почит на загинатите во несреќата.

Оланд и Меркел претходно го надлетаа накратко местото на несреќата и можеа само да ја констатираат големината на трагедијата. На стрмнините на планината и во длабоките долови ситните парчиња  на авионот, како да се имаат стопено во сивилото на камењарите.

Фотографијата од првата црна кутија, на која се синмени рагзоворите на пилотите, поточно нејзината оштетеност, доволно зборува за жестокоста на судирот на авионот со планината. Се зборува дека тој летал со брзина од околу 700 км на час. Тројцата државници се обидоа во директен брифинг со одговорните за истрагата да добијат одговор на нивните прашања пред да се сретнат со семсјтвата на загинатите.

Сите тројца им се заблагодариja на силите на редот и спасувачките екипи за нивната ангажираност и пожртвуваност на теренот.

Според сите експерти истрагата ќе биде многу долга. Повеќе од 24 часа по катастрофата, не се знае многу зошто авионот се сруши. Некои сведоци тврдат дека слушнале дека моторите на авионот не функционирале нормално при надлетувањето, но сето тоа не е потврдено.

Ербасот  А 320 е еден од двата најпродавани авион во светот и истовремено еден од најсигурните. Од неговата комерцијална употреба, која започна во 1988 година, авионот е продаден во 6194 примероци, а уште 5085 апарати се нарачани. За илустрација, секоја втора секунда полетува еден Ербас А320  во светот.

Премиерот Мануел Валс околу пладне ја исклучи можноста дека авионот експлодирал во лет, пред да ја допре планината. Валс, притоа инсистираше дека во оваа фаза на истрагата не се исклучени другите хипотези.

Спасувачките екипи, поточно истражните и медицинските екипи  се распоредени на теренот, во негово пребарување во интерес на истрагата, но исто така и за евакуација на телата на жртвите, згрижување на семејствата на загинатите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...