Потпишана Конвенција на Советот на Европа против трговија со човечки органи

Сантијаго де Компостела, 25 март 2015 (МИА) - Четиринаесет европски држави потпишаа Конвенција на Советот на Европа против трговија со човечки органи, што претставува прв меѓународен договор со ваква цел, кој од денеска може да го потпише која било земја во светот. 

Конвенцијата е отворена за потпишување првиот ден од меѓународната конференција организирана од СЕ и шпанската Влада во Сантијаго де Компостела, чија тема е унапредување на борбата против трговијата со човечки органи и спроведување на новиот договор, соопшти СЕ.

Договорот денеска го потпишаа Албанија, Австрија, Белгија, Чешка, Грција, Италија, Луксембург, Норвешка, Молдавија, Полска, Португалија, Шпанија, Турција и Велика Британија. Тој ќе стапи во сила кога ќе биде ратификуван од пет држави, се потенцира во соопштението.

Конвенцијата има за цел да спречи трговија со човечки органи барајќи, на пример, од државите да обезбедат транспарентност на своите национални системи за трансплантација на органи, како и праведен пристап до трансплантациските служби, се истакнува во соопштението на СЕ.

Генералниот секретар на СЕ, Торбјорн Јагланд истакна дека незаконското отстранување и трговијата со човечки органи претставува сериозно кршење на човековите права.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...