Истражните органи засега без објаснување за причините за несреќата на Ербасот

Париз, 25 март 2015 (МИА) - Француското биро за истрага  „нема објаснување за причината на несреќата“, изјави директорот на бирото  Реми Жути и притоа потврди на конференцијата за печатот дека  тонскиот запис на првата црна кутија може да се анализира, јавува дописникот на МИА од Париз.

- Успеавме да извлечиме аудио фајл кој може да се користи, гласовите се разбирливи. Сега е потребно да се направи детална анализа за да се разберат и интерпретираат звуците и гласовите, изјави рече Реми Жути.

На прашањето дали тоа се гласовите на пилотите, симени на црната кутија, директорот одговори дека не може да одговори на тоа прашање.

- Во овој момент на истрагата, евидентно, ние не сме способни да дадеме ни најмало објаснување за причините кои го наведоа авионот да се спушти, и причините поради кои тој продолжи да се спушта, исто како и причините поради кои не одговорија (пилотите) на обидите за стапување во контакт со контролата на летањето кога им беше поставувано прашање, истакна директорот на Бирото.

Тој притоа нагласи дека авионот летал до сударот со планината и дека немало експлозија во воздухот. 

Во меѓувреме, пронајдена и втората црна кутија на авионот Ербас А320 на германската авиокомпанија „Џерман Вингс“, кој вчера се урна во францкуските Алпи.

Според француските истражни органи втората црна кутија е тешко оштетена. Тие соопштија дека меморискиот чип на уредот за снимање на податоците за летот на авионот е излезен од својата позиција и е невозможно да биде пронајден.

Црната кутија на авионите е уред што најчесто е составен од два дела, кои ги снимаат техничките податоци за летот на авионот и гласот на пилотот за време на летот. Француските истражувачи се надеваат дека ќе дојдат до снимката со гласот на пилотот.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев вчера потврди дека е пронајдена едната црна кутија и дека податоците се предадени за анализа.

Авионот Ербас А320 се урана во Алпите во јужниот дел на Франција, на 100 километри северно од Ница, на летот од Барселона за Дизелдорф. Во авионската несреќа загинаа сите 144 патници и шест членови на екпажот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...