САД ги испорачаа првите „Хамери“ за Украина

Вашингтон, 25 март 2015 (МИА) - САД денеска и ги испорачаа на Украина првите десет оклопни возила од типот „Хамер“ во рамки на програмата за воена помош во „борбата против проруските сили во источниот дел на земјата“.

Според новинската агенција Укринформ, пратката на аеродромот Бориспољ во Киев ја дочекал украинскиот претседател Петро Порошенко.

Шефот на државата најави дека сите возила по опремувањето ќе бидат испратени „пред се во високомобилните десантни единици, кои извршуваат задачи во зоната на антитерористичките операции“.

- Сакам да им се заблагодарам на нашите партнери - САД, за целосната поддршка кон Украина. Тоа е реална и вистинска потврда за стратешко партнерство меѓу двете земји, истакна Порошенко.

Украинскиот претседател најави дека во следните 45 дена Украина ќе ги добие и останатите „Хамери“, кои се предвидени според договорот со Вашингтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...