при падот на Ербасот на „Џерман вингс“

Еден од пилотите не бил во пилотската кабина

Париз, 26 март 2015 (МИА) - Еден од пилотите не бил во пилотската кабина за време на несреќата на „Ербасот А320“ на „Џерман вингс“ и не успеал да се врати во неа до падот, објави минатата ноќ интернет изданието на  „Њу Јорк Тајмс, повикувајќи се на анонимен извор.

- На почетокот од летот, го слушаме екипажот нормално, потоа слушаме звук на седиште кое оди наназад, отворање на една врата, која потоа се затвора, потоа звук од врата по која се чука за да се затвори и потоа нема повеќе разговор меѓу пилотите се до падот, изјавил извор близок до истрагата.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, тој вели дека двајцата пилоти зборувале на германски. - На крајот од записот, алармите назначуваат дека авионот се наоѓа на голема близина до тлото, наведува изворот, без да може да каже кој бил во пилотската кабина, капетанот на авионот или копилотот.

Изутринава француското радио БФМ, објави дека пилотот кој не бил во кабината се обидел да влезе во неа. Прво тој чукал тивко на вратата, потоа се посилно и посилно и се има впечаток дека се обидувал насила да влезе во неа, пред фаталниот удар во планината.

Засега нема официјална потврда од истрагата на овие информации. Синоќа истрагата истакна дека нема објаснување за причината на несреќата, а директорот на Бирото за истраги и анализи за Цивилниот авиосообраќај, Реми Жути притоа потврди дека тонскиот запис на првата црна кутија може да се анализира.

- Успеавме да извлечеме аудио фајл кој може да се користи. Гласовите се разбирливи, сега е потребно да се направи детал за да се разберат и интерпретираат звуците и гласовите, рече Жути.

На прашање дали тоа се гласовите на пилотите, Жути рече дека не може да одговори на тоа прашање.

- Во овој момент на истрагата, евидентно, ние не сме способни да дадеме најмало објаснување за причините кои го наведоа авионот да се спушти и причините поради кои тој продолжи да се спушта, за жал, се до тлото, исто како и причините поради кои (пилотите) не одговорија на обидите за стапување во контакт со контролата на летањето која им поставуваше прашање, назначи директорот на Бирото.

Тој притоа нагласи дека авионот летал се до сударот со планината и дека немало експлозија во воздухот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...