Конгресот на локални и регионални власти предлага мерки против радикалзиацијата

Стразбур, 26 март 2015 (МИА) - Конгресот на локалниte и регионалните власти при Советот на Европа во рамки на 28-та сесија усвои Резолуција и препорака за улогата на локалните заедници во борбата и превенцијата на радикализацијата, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Конгресот ќе треба да изработи насоки за превенција на радикализацијата и изразите на омраза на локално ниво до својата идна сесија закажана за октомври оваа година, како и педагошки средства кои треба да им послужат на локалните власти за организирање на меѓукултурни и меѓурелигиозни активности. Конгресот се обврза да развие и модели за обука за прашањата поврзани со човековите права и редовно да организира Форум за човекови права на локално ниво, чие прво издание ќе се одржи во Грац на 28 и 29 мај 2015.

Меѓу предложените мерки се наоѓаа правењето на преглед на правниот арсенал на Советот на Европа во однос на граѓанското учество во соживотот, посебно дополнителниот протокол на Европската повелба за локална власт и правото да се учествува во колективните заедници.

Во усвоените документи на Конгресот посебно се инсистира на важноста за ангажирањето на граѓаните, посебно на младите, на пример во кампањите за чивствителноста, пред се во школските средини, учеството во градските совети или во советите на странците резиденти и промоцијата на меѓурелигиозниот и меѓукултурниот дијалог.

Според Гун Маит Хелгесен од Норвешка, која ги претстави извештаите изработени од Лен Вербек од Холандија, последните атентати во Брисел, Париз, Копенхаген и Тунис покажаа дека „оваа закана, како никогаш досега е актуелна и треба да биде разгледувана со заедничка акција на ниво на сите власти“.

Според неа, борбата против тероризмот не е само национална задача, таа подразбира и акција на локално и регионално ниво, што е предвидено со Акцискиот план  за борба против тероризмот на Советот на Европа за периодот 2015-2017 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...