Британија ќе ги обучува „умерените исламисти“ во Сирија

Лондон, 26 март 2015 (МИА) - Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон соопшти денеска дека Велика Британија ќе учествува во обуката на „умерените исламисти“ од редовите на опозицијата во Сирија.

Вкупно 75 воени лица и штапски офицери ќе учествуваат во тренинзите што ќе се изведуваат на територијата на Турција, според американска воена програма.

Британските воени експерти ќе ги обучуваат Сиријците кои се борат за смена од власта на сирискиот претседател Башар ал Асад, за војување и користење на лесно оружје, во пешадиска тактика и за медицинска помош.

Според министерот Фалон, џихадистите од Исламска држава (ИД) може да се совладаат само со „локални внатрешни сили“ на сириска и ирачка територија.

Британскиот министер рече дека сојузничките воздушни напади во реонот на градот Кобане помогнаа ова погранично место близу до турската граница да биде ослободено од ИД и да биде уништена целата логистика и позициите на Исламска држава, но дека тоа не е доволно.

Фалон не рече ништо за тоа дека во долгата битка за Кобане на теренот учествуваа само сириските Курди на кои едно време им помогнаа и стотина курдски доброволци од Ирак. Ниту една од вооружените опозициски сириски групи кои војуваат против сириската армија, не им помогна на курдските борци.

Најавата дека британски офицери и воени експерти ќе ги обучуваат сириските бунтовници доаѓа по соопштението на сириската исламска опозиција подржана од Западот, дека нема да учествува на мировните разговори во Москва со претставници на властите во Дамаск.

Неодамна, американскиот државен секретар Џон Кери во интервју за една американска телевизиска станица рече дека на крајот на сирискиот конфликт ќе мора да се преговара и со Асад, но подоцна Стејт департментот ја „поправи“ изјавата тврдејќи дека Кери мислел на властите во Дамаск, а не и на претседателот Асад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...