Руското влијание, исламска радикализација на Балканот

Белата куќа смета дека насилниот екстремизам и руската агресија на Украина претставуваат два најголеми предизвици за американската национална безбедност. А едно од местата каде тие два елементи се спојуваат е Балканот.

Политичката нестабилност, продолжувањето на етничките тензии и економските проблеми балканските земји ги прави посебно ранливи.

Бројната муслиманска популација и историските верски врски со Русија, земјите од Западен Балкан ги прават подложни како на руското влијание, така и на заканите од исламски радикализам. Поранешниот американски амбасадор Френк Визнер, кој исто така бил специјален пратеник на преговорите меѓу Белград и Приштина за конечниот статус на Косово, вели дека се чувствува влијанието на Балканот, иако не е примарна интересна сфера.

- Сметам дека е многу важно да се заштити Балканот од ривалството на големите сили, како и проблемите од Блискиот исток да не се пренесат на Балканот. Задача на разузнавачките служби во Западна Европа, САД и балканските земји е внимателно да ги следат субверзивните елементи кои се движат кон Блискиот исток и Левант и назад.

Земјите како Албанија, Босна и Херцеговина и Косово усвоија закони за забрана на своите државјани да станат борци и уапсија многу припадници на радикалните фракции. Поранешниот службеник на американскиот секретаријат за одбрана Јан Бжежински, сега во Атланскиот совет, смета дека спречувањето на субверзивните активности ќе биде долг и исцрпен процес.

- Веројатно тој процес ќе станува се позначаен, но и потежок како што ќе поминува времето. Од почетокот на судирите во Сирија во 2011 година, според податоците на американските разузнавачки агенции, над 20.000 странски борци се приклучиле во борбите, од тие најмалку 3.400 од западните земји, а според официјални податоци од регионот најмалку 1000 луѓе дошле од Балканот. Балканот има своја улога и е во моментална затегнатост меѓу Западот и Русија, што при неодамнешното сведочење во сенатскиот под комитет го укажа и американскиот државен секретар Џон Кери:

- Било да е тоа Србија, Косово, Црна Гора или Македонија, или некоја друга држава, сите тие се на линија на огнот.

Русија се обидува да ги искористи традиционалните врски со Србија да го одржи влијанието, но и активно се труди да го прошири присуството на Балканот.

Србија на пример, се потпира на Русија за 82 отсто од своите резерви на гас. Кремљ планира да гради гасовод, кој би поминувал преку Турција, Грција, Македонија и Србија. – Русија има корист благодарение на времето кога постоеше поранешниот Советски сојуз, кој воспостави еден вид на зависност во тој регион од она што е денес руската економија – истакна Јан Бжежински.

За да се спротивстави на руското влијание, смета амбасадорот Визнер, Европа треба да го продолжи процесот кон Србија и Косово во Европската унија, додека Грците и Македонците треба да го решат својот долгогодишен спор околу името:

- Со решението на тие прашања, не би имало негативни основи на кои смета Русија и полесно би се одржала хармонијата која на сите нас ни е неопходна на Балканот, заради сопствени цели.

Аналитичарите сметаат дека Русија ги користи слабите институции, корупцијата и недостигот на стопански можности на Балканот. Тие веруваат дека одговорот се наоѓа во поголема помош од Западот и забрзана интеграција во Европската унија.

Гласот на Америка - Вашингтон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...