Папата ја затвори Сикстинската капела за туристите

и организира посета за бездомници

Рим, 26 март 2015 (МИА) - Сикстинската капела во четврток попладне ќе се отвори за околу 150 бездомници и малку порано од вообичаеното ќе се затвори за туристите, соопшти денеска Светата Столица, во новата конкретна иницијатива која сведочи за грижата на папата Франциско за сиромашните.

Бездомниците во текот на обиколката на капелата, исто така, ќе прошетаат и низ ватиканските градини и ќе го посетат музејот на оваа мала држава во организација на полскиот прелат, папиниот делител на милостина монсињор Конрадо Крајењски, пренесува Хина.

Овие неочекувани посетители, поделени во три групи, додава дневниот весник „Л'Оссерваторе Романо“, ќе имаат водич кој ќе ги спроведе пред Домот на света Марта каде престојува папата, инаку роден во  Аргентина, а потоа ќе прошетаат низ дел од величанствените градини.

Бездомниците потоа ќе минат низ Ватиканските музеи и на крајот ќе дојдат во Сикстинската капела која ќе може полека да ја разгледаат. Тој ден славната капела, која ја наслика Микеланџело, ќе се затвори во 16 часот по средноевропско време.

Под славните фрески што го прикажуваат создавањето на светот и последниот суд, предвидена е заедничка молитва. Потоа во кафетеријата на музејот ќе биде организирана заеднички оброк.

Папата Франциско поттикнува каритативни иницијативи на својот делител на милостина, кој лично им подели влезници на бездомниците кои во голем број спијат околу Плоштадот на свети Петар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...