Младиот германски пилот

Андреас Лубиц е копилотот на урнатиот авион на „Герман вингс“

Берлин, 26 март 2015 (МИА)  - Дваесет и осумгодишниот германски пилот Андреас Лубиц, кој копилотирал со авионот на компанијата „Герман вингс“, на летот 4У 9525, и намерно го соборил леталото, нема врски со тероризмот, објавува Фена.

Аероклубот „ЛТЦ“ на својот сајт наведува дека Лубиц живеел во германскиот град Монтабаур и во нивниот клуб се зачленил многу млад за да го оствари својот детски  сон за летање.

„Тој го оствари својот сон, сон што го плати со својот живот“, додаваат од клубот.

Бил еден од најдобро оценетите пилоти на светот на квалификациските тестови и многу брзо по завршувањето на обуката почнал да работи.

Германски официјални претставници потврдија дека не постојат податоци за тоа дека на било кој начин е поврзан со терористички групи.

Лубиц од септември 2013 година бил вработен во компанијата „Герман вингс“ и зад себе имал 630 часа летачко искуство, изјави портпаролката на „Луфтханза“.

Како што пренесува  „Тајм“, неговите сограѓани со познавале како „прилично тивко, но пријателски расположено момче“.

При вработувањето, во 2013 година, Лубиц ја минал психолошката проверка.

Минатата есен за последен пат заминал во родниот град кога требало да ја обнови дозволата за управување едрилица и тогаш „не покажувал никакви знаци што можеле да укажуваат на депресија“.

-Беше среќен заради својата работа во компанијата и добро му одеше. Отсекогаш одаваше впечаток на момче кое е задоволно, рече неговиот колега од клубот Петер Рекер.

Летечката дозвола за управување со едрилица Лубиц ја добил уште како тинејџер и набрзо бил примен во тренажната програма на „Луфтханза“ каде ја завршува една од најценетите и најстроги школи за пилоти во Германија.

Школувањето го  завршил во Бремен, во летачката школа на „Луфтханза“", која е „мајка-фирма“ на компанијата „Герман вингс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...