Англискиот крал Ричард Трети погребан по повеќе од 500 години од смрта

Лестер, 26 март 2015 (МИА) - Средновековниот англиски крал Ричард Трети, е погребан во Катедралата во Лестер, после 530 години од неговата смрт.

Погребната церемонија и црковната служба во чест на некогашниот крал,ја водеше Надбискупот на Англиканската црква од Кантербери Џастин Велби.
 
„После повеќе од половина милениум, овој крал, еднаш оставен во гроб без никакви ознаки конечно се погребува со достоинство и со почестите што ги нема добиено во 1485 година ,кога бил убиен„ - беше речено во текот на црковната служба.
 
Кралот Ричард Трети, еден од најчесто искористените историски личности во драмите на Вилијам Шекспир е убиен во битката кај Босфорт Филд, во завршните операции од триесетгодишната Војна на розите.
 
Ричард е последниот англиски крал кој загинал на бојното поле.
 
Погребната цереминија во Лестер ја следеа дестици илјади граѓани, собрани да му дадат последна почит на кралот чие тело не можеше да се најде никаде во Англија. Во 2012 година беше откриено случајно, при едни комунални работи во овој англиски град, под паркинг просторот наспроти супермаркет.
 
Долгите испитувања на најдените коски и череп, со помош на најсовремената технологија конечно потврдија дека станува збир за посмртните останки на кралот за кого се мислеше дека никогаш нема да се пронајдат.
 
На погребната цереминија, во име на британската кралска куќа присуствуваше контесата од Весекс, Софи, како и војводата и војводката од Глостер.
 
Познатиот англиски актер Бенедикт Камбербач кој е далечен потомок на Ричард Трети, читаше специјално напишана поема за средновековниот крал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...