Меркел: Наодите од истрагата за авионската несреќа се незамисливи

Берлин, 26 март 2015 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека најновите наоди во истрагата за несреќата на авионот на „Џерман Вингс“ добиле апосолутно незамислива димензија. 

Меркел тоа го изјави коментирајќи го заклучокот од истрагата дека копилотот на авионот на компанијата „Џерман Вингс“ најверојатно намерно го урнал авионот во француските Алпи. 

Според Меркел тоа на трагедијата и дава нова, апсолутно незамислива димензија и  ја надминува секоја фантазија. 

Копилотот на авионот на „Џерман Вингс“, што пред два дена се урна во француските Алпи, намерно го урнал авионот, изјави претходно денеска државниот обвинител на Марсеј Брис Робен, додавајќи дека не станува збор за терористички или самоубиствен акт. 

Станува збор за дваесет и осумгодишниот германски пилот Андреас Лубиц, кој копилотирал со авионот на компанијата „Џерман Вингс“, на летот 4У 9525, од Барселона за Дизелдорф. 

- Копилотот сам управувал со авионот. Тој не сакал да ја отвори вратата од пилотската кабина и намерно почнал да го спушта авионот, изјави Робен, изнесувајќи ги информациите добиени од црната кутија, на која се наоѓа снимка од разговорот во пилотската кабина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...