Во Русија во 2014 година откриени повеќе од 300 шпиони

Москва, 26 март 2015 (МИА) -  Руската контраразузнавачка служба во 2014 година открила активност  на повеќе од 300 странски шпиони, изрази задоволство претседателот Владимир Путин на состанокот со Управата на руските разузнавачки служби (ФСБ), наследничката на поранешната КГБ.

Владимир Путин, и самиот поранешен агент на советскиот КГБ и директор на ФСБ пред да дојде на власт во 1999 година, ја поздрави ефиканоста на своите поранешни колеги, пренесува Фена.

На денешниот состанок Путин предупреди на опасноста од „провокации“ на странските тајни служби пред следните кампањи за општите избори во  2016 година и за претседателските во 2018 година.

-Постојано има странски обиди да се дискредитираат и дестабилизираат властите со помош на невладините организации и политизираните здруженија, рече рускиот претседател и прецизира дека ќе продолжат истрагите против здруженијата што се осомничени дека се „странски агенти“.

Русија во 2012 година усвои закон што невладините организации, финансирани од странство, а кои имаат „политичка активност“,ги обврзува да се регистрираат како „агенти од странство“.

Русија и западните земји заради украинската криза дојдоа до најлошата конфронтација од завршувањето на Студената војна. И на едната и на другата страна се откриени и протерани бројни „шпиони“, што е знак на зголемена напнатост меѓу старите непријатели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...