Синдикатот на француските пилоти ќе поднесе кривична пријава за нарушување на тајноста во истрагата за авионската несреќа

Париз, 27 март 2015 (МИА) - Синдикатот на пилотите од цивилната воздушна пловидба во Франција ќе поднесе кривична пријава за непочитување на тајноста на истражната постапка во случајот со авионската несреќа на Ербасот А-320, која се случи пред два дена на француските Алпи, изјави шефот на организацијата Ерик Дериври.

- Не е нормално до весникот „Њујорк тајмс“ да стигнат најдеталните податоци за текот на истрагата, кои Јавниот обвинител на Франција ги потврдува многу часови подоцна. затоа синдикатот ќе поднесе кривична пријава за непочитување на тајноста на истражната постапка. Француското законодавство дозволува тоа да се поднесе против непознат извршител, потврди Дериври.

Тој упати критики и за дејствувањето на француското Биро за истражување на несреќи, нагласувајќи дека „многу важни податоци не биле соопштени на прес-конференцијата, на која беа истакнати првичните информации за истрагата на авионската несреќа“.

- Уште одамна не сме задоволни од работата на раководството на Бирото. Нашиот синдикат бара во советот на оваа организација задолжително да бидат вклучени и се уште активни француски пилоти, изјави синдикалниот лидер.

Освен тоа, Дериври, како и други француски експерти, изрази сомнеж во веродостојноста на информацијата, соопштена по првото дешифрирање на записите од црната кутија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...