Камерон „приватно“ разговара за создавање нова владина коалиција по изборите

Лондон, 27 март 2015 (МИА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон одржал неколку „приватни разговори“ околу можноста за создавање нова владина коалиција по мајските парламентарни избори во Велика Британија, во која тој и натаму би ја задржал сегашната функција, тврди лондонскиот неделник „Спектејтор“.

Весникот, кој е гласило на Конзервативната партија, пишува дека Камерон уште сега, на 40 дена до изборите, разговарал за формирање постизборна коалиција, свесен дека неговата партија и на овие избори, како и во мај 2010 година, не ќе може да обезбедат доволно гласови и пратенички места за да можа сама да формира Влада.

„Спектејтор“ не открива кои биле соговорниците на Камерон, но тврди дека нема да се прави нова коалиција со партијата Либерални демократи, која е сегашен негов партнер во Владата.

Камерон го отфрли пишувањето на неделникот како неточно, наглчасувајќи дека британските конзервативци во деновите пред изборите не размислуваат за „никакви коалиции, туку само за цврста и уверлива победа“, што ќе им овозможи сами да управуваат со земјата.

Претставник на Даунинг стрит 10, исто така, ги демантираше откритијата на весникот, означувајќи ги како „глупости и бесмисленици“.

Ториевскиот неделиник, сепак, се повикува на разговори со недидентификувани министри во Владата од редовите на конзервативците, кои потврдиле дека мнозинството од пратеницита веруваат оти нивната партија уште еднаш ќе обезбеди најголема подршка, но таа нема да биде доволна за еднопартиска влада, па одново ќе мора да се прави коалиција.

Сите досегашни испитувања на јавното мислење и анализи, укажуваат дека на изборите од 7 мај никој нема да победи за да може сам да формира влада. Во овој момент конзервативците и опозициските лабуристи се изедначени, иако мала предност им се дава на ториевците, најмногу поради подобрената економска ситуација.

Прогнозите навестуваат дека овие избори ќе бидат и најнеизвесни, затоа што прв пат по многу години на националната политичка сцена се појавуваат две нови партии - Шкотската национална партија (СНП) и англиската Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП), кои може да им нарушат многу планови на традиционалната „тројка“ на конзервативците, лабуристите и либералдемократите.

Овие две партии - едната идеолошки левичарска и сепаратистичка, а другата тврдо евроскептична и антиимигрантска - може да соберат доволно гласови, едната во Шкотска, а другата во Англија, за да се јават како партнер за коалиција, доколку навистина се потврдат прогнозите за избори без вистински победник.

Неделникот „Спектејтор“ своето тврдење за одржаните „приватни коалициски разговори“ на Камерон, ги поткрепува и со тврдењето на ториевски функционери дека сегашниот премиер, не сака да раководи со малцинска влада, ниту е подготвен да распише нови избори, доколку не добие апсолутно мнозинство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...