Депресија, напади на паника и љубовни проблеми причини за трагедијата на Џерман Вингс

Ја криел болеста од шефовите

Копилотот Лубиц премолчел дека имал боледување за денот на авионската несреќа

Берлин, 27 март 2015 (МИА) - Германското Обвинителство соопшти дека вториот пилот на Боингот сопственост на Џерман вингс кој се урна пред три дена, Андреас Лубиц (27) скрил заболување што го имал од својот работодавач.

- Фактот што Лубиц добивал боледување од лекар, укажува првично, дека тој скрил здравствени проблеми од работодавачот и колегите, се вели во изјавата на обвинителот во Дизелдорф. 

Не е наведено за какво заболување се работи, но се нагласува дека тој бил под терапија со лекови.

Според него, не се откриени знаци на политички или религиозни мотиви за неговата постапка. Не е најдено ниту проштално писмо од Лубиц, јавија германски медиуми.

Копилотот кој што намерно го урна авионот во кој загинаа 150 луѓе криел од своите шефови дека примал медицински третмани, а пред трагедијата најверојатно имал проблеми во врската со својата девојка.

Копилотот Андреас Лубиц ги криел медицинските белешки дека има психички проблеми вклучувајќи ја докторската белешка со која што на денот на инцидентот не требал да оди на работа, објави денеска канцеларијата на германското јавно обвинителство.

Во Германија белешки за оправдано отсуство се издаваат и за лесни заболувања, но обвинителството не открива со какви проблеми се соочувал Лубиц, јави дописникот на МИА од Берлин.

Доказите за тоа се пронајдени во двата дома на Лубиц во Дизелдорф и Монтбаур каде што живеат неговите родители.

Портпаролот на обвинителството Ралф Херенсбурк изјави дека медицинските белешки индицираат постоење на болест и соодветен медицински третман но дека не била најдена порака со најава или потврда за самоубиствени намери. Според обвинителството нема индикации за политички или религиозни мотиви во актот на Лубиц. Компанијата Џерман Вингс одбила да ги коментира наодите на обвинителството.

Германскиот весник Билд денеска цитираше полициски и авијациски извори според кои Лубиц добивал оценки дека не е „соодветен за пилотирање“ од неговите инструктори во Аризона во 2009 кога ја прекинал обуката за пилотска лиценца.

Според Билд, Лубиц минал 18 месеци во кои добивал психијатриски третман, а добил и дијагноза за „епизода на тешка депресија“ во која лекарите се сомневале на проблеми со неговата девојка. Засега германските медиуми не го откриваат името на девојката на Лубиц.

Висок претставник на Луфтхаза, во чии рамки функционира Џерман Вингс предходно изјави дека Лубиц ги минал сите потребни тестови и проверки според кои неговите способности за пилотирање биле беспрекорни. И пријателите на Лубиц од детството ги отфрлија наводите на истрагата тврдејќи дека Лубиц бил голем ентузијаст за својата кариера и дека со него се било во ред.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...