Путин ја има поддршката на 75 отсто од Русите

Москва, 27 март 2015 (МИА) - Три четвртини од Русите, односно 75 отсто, би гласале за претседателот Владимир Путин доколку в недела се одржат избори за шеф на државата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Фондот за истражување на јавното мислење (ФОМ).

На тој начин, изборниот рејтинг на Путин достигна ново рекордно ниво, објави руската агенција ТАСС, потсетувајќи дека пред шест месеци 71 отсто од Русите беа подготвени да му го дадат својот глас.

Од останатите политичари, според резултатите од анкетата, лидерот на Либерално-демократската партија, Владимир Жириновски би можел да смета на четири отсто од гласовите, лидерот на комунистите Генадиј Зјуганов на три проценти, а по еден отсто имаат шефот на партијата „Праведна Русија“ Сергеј Миронов и поранешниот лидер на Граѓанската платформа, бизнисменот Михаил Прохоров.

Еден отсто од анкетираните одговориле дека би избрале некој друг политичар, еден процент дека би дале неважечки ливчиња, а девет отсто изјавиле дека не би излегле на гласање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...