ЕАСА препорача авиопревозниците да го воведат правилото „двајца во кабина“

Копенхаген, 27 март 2015 (МИА) - Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) денеска им препорача на авиокомпаниите да воведат правило за постојано присуство на две лица во пилотската кабина за време на летот, пренесоа американските медиуми. 

Препораката беше најавена од несреќата во  француските Алпи на авионот на германскиот превозник „Германвингс“, веројатно предизвикана од вториот пилот во авионот, кој останал сам во кабината и го блокирал пристапот до неа.

Претходно денеска неколку европски авиокомпании, вклучувајќи ги и „Луфтханза“ и нејзината фирма-ќерка „Германвингс“, информираа дека ќе го воведат правилото „двајца во кабината“.

Извршниот директор на ЕАСА, Патрик Ки, забележува дека „додека се уште жалиме за жртвите, сите наши напори се форкусирани кон подобрување на безбедноста на патниците и екипажите“.

Пред европската агенција да ја упати официјалната препорака, „Луфтханза груп“ (Lufthansa Group), која освен „Германвингс“ (Germanwings) ги вклучува и „Остриен ерлајнс“ (Austrian Airlines) и „Свис интернешенел ерлајнс“ (Swiss International Air Lines), соопшти дека „максимално брзо“ ќе воведе правило за две лица во пилотската кабина на авионот. Истата мерка наведуваат дека ќе ја применати германскиот авиопревозник „Германија“ (Germania), и унгарската нискотарифна авиокомпанија „Визер“ (Wizz Air) и белгискиот туроператор „Томас Кук“ (Thomas Cook).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...