Противници и поддржувачи на американскиот конвој протестираа во Прага

Прага, 28 март 2015 (МИА) - Неколку стотици противници и поддржувачи на поминувањето на американскиот воен конвој низ Чешката Република денеска протестираа во центарот на Прага, јави дописникот на МИА. 

Двата табора на луѓе се измешаа и гласно ги искажуваа своите мислења, но не дојде до поголеми инциденти.

Еден од организаторите против присуството на војската на САД на чешка територија е Комунистичката партија на Чешка и Моравија (КСЧМ) чии учесници носеа руски знамиња. Нивните противници, носеа знамиња на САД, НАТО и Украина.

- Ние можеме без НАТО да го оддржуваме мирот со оние кои тоа го сакаат, изјави шефот на комунистите Војтех Филип.

Оние кои се поддржувачи на американската војска им посакаа добредојде на војниците и повикаа на покажување солидарност со НАТО сојузниците, кои ги сметаат за гаранција за националната безбедност.   

Воената вежба на НАТО, која е всушност парада на воените транспортери е организирана во Естонија, Литванија, Полска и Чешка како изразување на сила и солидарност со источноевропските сојузници во близина на Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...