Американскиот конвој пристигна во Чешка

Прага, 29 март 2015 (МИА) - Американскиот конвој кој учествуваше на воената вежба на НАТО во Литванија, Естонија и Полска на патот кон нивната база во германскиот град Вилсек, изутрината пристигна во Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Воената парада ,„Змејски лет", која вклучува околу петстотини американски војници и повеќе од 100 воени транспортери кои САД планира да ги стационира во Европа, на чешка територија беше пречекана од десетици поддржувачи и противници.

Военото дефиле има за цел да ја покаже поддршката на европските сојузници во НАТО кон Армијата на САД, наспроти руската агресија кон Украина.

Токму тоа е причина за критика на левичарските и проруските групи во Чешка кои вчера оддржаа протести, а ги најавија и денеска, повикувајќи на блокирање на движењето на конвојот. Чешката Армија уште претходно најави дека е подготвена со сопствените војници да го штитат конвојот и да обезбеди алтернативни патишта за минување низ земјата без инциденти.

Поддржувачите на Армијата на САД, напротив сакаат да ги пречекаат учесниците на воената вежба и веќе се планирани средби на граѓаните со војниците и разгледување на нивната техника.

В понеделник американската војска минува низ чешкиот главен град, а чешката територија според планот ќе ја напушти в среда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...