Лобист на „Монсанто“: Пестицидот е безбеден, но не сакам да го пијам

Париз, 29 март 2015 (МИА) - Лобистот на компанијата „Монсанто“ Патрик Мур изјави дека е безбедно да се испие еден литар пестициди, но одби да се напие за време на интервјуто за француската телевизија „Канал плус“ и го напушти студиото.

Мур изјави дека глифосфатот, активна супстанца на пестицидот „Раундап“ на „Монсанто“ не е одговорен за пораст на случаите на канцер во Аргенитина.

- Можете да испиете еден литар и ништо нема да ви штети, истакна Мур, но кога новинарот му кажа дека за него подготвиле чаша со пестицидот „Раундап“, бурно реагираше и одби да се напие, изјавувајќи дека „не е глуп“.

Мур повторуваше дека пестицидот не е опасен за луѓето, истакнувајќи оти некои луѓе се обиделе да се самоубијат со пестицидот „Раундап“, но оти не успеале.

Тој го напушти студиото, а новинарот го нарече „кретен“.

Мур е биолог, кој претходно работеше на заштита на животната средина во „Гринпис“, а потоа стана лобист на „Монсанто“, лидер во производството на генетски модифицирана храна (ГМО).

Агенцијата за истражување на канцерот при Светската здравствена организација минатата недела објави извештај во која се наведува дека глифосфатот најверојатно е канцероген за луѓето.

„Монсанто“ побара СЗО да го повлече извештајот, тврдејќи дека истиот е пристрасен и неважечки.

„Монсанто“ првпат употреби пестициди за уништување на коров на база на глифосфат во 1974 година, но тие станаа популарни во 90-тите години од минатиот век.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...