Земан ги критикуваше двете девојки ослободени по две години заложништво во Пакиста

Тоа се две лекомислени девојчиња

Прага, 29 март 2015 (МИА) - Двете Чехинки, Антоние Храстецка и Хана Хумпалова кои беа ослободени и вчера пристигнаа во татковината откако пред две години беа киднапирани од непозната вооружена група во Пакистан, заради лекомисленоста беа критикувани од чешкиот претседател Милош Земан, јави дописникот на МИА од Прага. 

- Тоа се две девојчиња, кои дејствувале невнимателно и не и помогнаа на Чешка, бидејќи си создадоа грижи себеси, на нивните семејства, пријатели и познаниците и на крајот на краиштата и на чешката држава. Можеби некогаш, на тајна средба ќе ги примам оние кои се заслужни за нивното ослободување, изјави Земан.

Тој додаде дека нема да се сретне со младите жени и од далеку ќе им порача веќе никогаш да не ја повторат истата глупост и да бидат пример за останатите кои ќе одлучат да патуваат во небезбедните земји.

Земан, рече дека за ослободувањето на девојките дознал неколку дена порано и смета дека за тоа е заслужен и пакистанскиот амбасадор во Чешка, кого претходно го критикувал за непреземање на мерки за спречување на криминалните дејствија во неговата земја.

Во врска со идентитетот на киднаперите, изминатите години беа изнесени информации дека биле припадници на Ал Каеда, но според денешната изјава на заменик-премиерот Павел Бјелобрадек се работи за криминална група која била заинтересирана само за добивање откуп.

Вчера министерот за внатрешни работи во чешката Влада Милан Хованец изјави дека земјата не платила откуп за двете нејзини граѓанки.

Во целата операција за ослободување, која траела два месеци учествувала турската хуманитарна организација ИХХ, која била ангажирана од семејствата на девојките.

Двете 24-годишни чешки туристки беа киднапирани во југозападната пакистанска провинција Балучистан во март 2013 година, кога патувале од Иран до Индија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...