Послугата на кралицата Елизабета се заканува со штрајк

Лондон, 30 март 2015 (МИА) - Вработените во палатата на британската кралица Елизабета Втора во Виндзор се заканија со штрајк, незадоволни од висината на нивните плати.

Вработените во кралскиот дворец имаат почетна плата од 14.400 фунти годишно, што е помалку од просекот во Велика Британија, иако тие работат и прекувремено и понекогаш мораат да бидат и туристички водичи и преведувачи, за што не добиваат дополнителен надомест, наведува лондонскиот весник „Телеграф“.

Синдикатот на вработните во јавните служби (ПЦС), во кој членуваат 120 од вкупно 200-те вработени во палатата во Виндзор, тврди дека кралското домаќинство го прекршило ветувањето дека на послугата ќе и биде платено за дополнителната работа.  

Синдикатот до 14 април ќе спроведе анкета меѓу своето членство околу организирањето штрајк на вработените во Виндзор, кој би можел да се одржи во втората половина на идниот месец.

Секретарот на Синдикатот, Марк Сервотка тврди дека вработените „му се апсолутно лојални на својот работодавец“, но дека од нив се бара бесплатно да вршат работи што му носат приходи на кралското семејство. 

Кралскиот дворец во Виндзор годишно го посетуваат по околу 1,1 милиони туристи, што на семејството на кралицата Елизабета Втора и носи приходи од над 17 милиони фунти, кои се користат за одржување на имотот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...