Швајцарците гласаат на интернет за нова национални химна

Женева, 31 март 2015 (МИА) - Швајцарците гласаат по електронски пат за нова национална химна. Од денеска тие ќе може да изберат меѓу шест изведби, достапни на страницата www.chymne.ch.

Гласовите од интернет ќе сочинуваат 50 проценти од изборот. Останатите 50 проценти ќе се утврдат од гласовите на жири од околу 30 лица, музички експерти, новинари и членови на спортски друштва. 

Конечниот избор на јавноста ќе биде познат на 12 септември, откако политичките институции ќе одлучат дали да го прифатат или не. 

Властите објавија национален конкурс, на кој учествуваа 208 предлози, од кои специјално жири одбра шест. Тие се претставени на четири национални јазици германски, француски, италијански и реторомански. 

Првиот круг на гласањето ќе трае до 15 мај, кога ќе бидат одредени тројца финалисти. Вториот круг од гласањето на интернет ќе се одржи од 8 јуни до крајот на август, а финалето ќе биде на 12 септември. Авторите на делата ќе бидат познати откако ќе биде прогласен победникот. Националната химна на Швајцарија датира од 1841 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...