Италијанската Морнарица го ослободи бродот заробен од либиските власти

Рим, 17 април 2015 (МИА) - Италијанската Воена морнарица ја презеде контролата врз еден сицилиски рибарски брод, што беше заробен од либиската крајбрежна стража на околу 64 километри од брегот на Либија.

Претставник на Министерството за одбрана во Рим соопшти дека италијанските морнари се наоѓаат на заробениот брод.

Претходно се стравуваше дека бродот со тројца италијански членови на екипажот и четворица Тунижани, е одведен во либиското пристаниште Мисрата.

Либиските власти ја оправдуваат својата интервенција со тврдењето дека бродот навлегол во територијалните води на Либија. Тие потврдуваат дека ги одвеле сите седумина морнари и ги затвориле.

Во изјава за Би-Би-Си, претставник на крајбрежната стража на Либија рече дека рибарите ловеле без дозвола и длабоко навлегле на либиската територија, додавајќи дека целата операција била изведена без да биде истрелан ниту еден куршум.

Засега не се знае каква е состојбата со заробените рибари.

Во операцијата за ослободување на бродот учествувале италијанските морнарички сили кои патролираат по Медитеранот, поради напливот на илегални имигранти од Африка и Блискиот Исток, а кои за префрлање во Италија и Европа ја користат либиската територија.

Асоцијацијата на италијанските рибари остро ја осуди интервенцијата на Либијците, нарекувајќи ја „акт на пиратство“.

Според објаснувањето на асоцијацијата, ова е веќе 12-ти случај на „грабнивање“ италијански рибарски брод и тоа се случува откако властите во Триполи, еднострано ја проширија зоната на своите територијални води на 112 километри, што е многу повеќе од важечките меѓународни прописи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...