Руско признавање на во Донбас ќе го заостри конфликтот

Киев, 20 април 2015 (МИА) - Евнтуалното признавање на семопрогласените „народни републики“ во Донбас како независни држави од страна на Русија, екстремно ќе го искомпликува мировниот процес на истокот од Украина, предупреди германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.

- Територијалниот интегритет на Украина мора да се зачува, порача Штајнмајер, додавајќи дека тоа е предвидено и со Договорот од Минск за прекин на огнот во Украина, на што се согласија сите потписници, вклучувајќи ги и проруските сепаратисти од Донбас. 

Како што јави Укринформ, ваквата изјава на Штајнмајер уследи откако рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучи можноста Русија да ја признае независонсота на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ *ДНР) и „Луганска Народна Република“ (ЛНР).

Во саботата прорускиот сепаратистички лидер од Доњецк, Александар Закарченко побара од Киев да ја признае независноста на сампрогласените „народни републики“ во Донбас 

- Договорот од Минск за прмирје во источна Украина нема да успее се додека Киев не ја признае независноста на ДНР и ЛНР, изјави Закарченко за Би-Би-Си, оценувајќи дека украинската Влада „не го спроведува правилно“ Договорот од Минск, затоа што, според него, „не сака да ги реши сите прашања“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...