ЕУ не смее да соработува со криумчарите на имигранти

Прага, 20 април 2015 (МИА) - При решавањето на актуелната криза, кога стотици луѓе се дават во Медитеранот додека се обидуваат да стигнат до Европа, Европската унија не смее да „влезе“ во соработка со шверцерите со луѓе, изјави чешкиот министер за надворешни работи, Лубомир Заоралек во Луксембург, пред состанокот со неговите колеги од ЕУ.

Според него, за ова прашање е потребно финансиски да помогнат не само земјите од ЕУ, туку и богатите држави од Персискиот Залив, пренесе дописникот на МИА од Прага.

- Треба да најдеме начин како да спречиме луѓето да се качуваат на бродовите, рече Заоралек, напоменувајќи дека е можно да се создаде безбедносен кордон и специјални места на самиот африкански брег.

Заоралек оцени дека за него не е решение дистрибуцијата на бегалците по земјите на Унијата, туку промени во државите од каде тие бегаат.

Во првиот квартал од годината, во Медитеранот се удавија над 1.500 луѓе, а Италија, која е иницијатор и на Самитот во Луксембург, има основано неколку спасувачки мисии со цел да се спречат несреќните случаи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...