Протести во Полска поради „навреда“ од директорот на ФБИ

Варшава, 20 април 2015 (МИА) - Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми предизвика бурна реакција во полската политичка јавност, откако ги обвини Полјаците за „соучество“ во погромот на Евреите и за Холокаустот во текот на Вторатата светска војна.

Во авторски текст во „Вашингтон Пост“, Коми во обид да укаже на недоволните познавања за вистината за Холокаустот, како и за недовербата дека се случувале злосторствата, напиша дека во свеста на тие луѓе постои верувањето дека „убијците и нивните соучесници во Германија, Полска и Унгарија и во многу други земји не направиле никакво зло“.

Споменувањето на Полска, како „соучесник“ предизвика гневни коментари во политичкиот врв на земјата.

Полскиот претседател Бронислав Коморовски изјави дека коментарот на директорот на ФБИ претставува „навреда“ за сите Полјаци кои учествувале во спасувањето на Евреите.

Премиерот Ева Копач рече дека Полска не била никаков соучесник, туку само жртва на нацизмт во текот на војната, па затоа е потребно оние кои говорат за тоа врема да знаат што зборуваат.

Во текот на Вторатата светска војна, околу шест милиони Полјаци, од кои три милиони полски Евреи, беа убиени во логорите на смртта на нацистичка Германија.

Министерството за надворешни работи во Варшава го повика американскиот амбасадор во Полска, Стивен Мал за да му вложи протест.

Подоцна амбасадорот Мал изјави дека за САД е сосема јасно оти „само нацистичка Германија е одговорна за злосторствата кон Евреите и за Холокаустот“.

Мал, кој вчера учествуваше на комеморацијата по повод 72-та годишнина од востанието во Варшавското гето, рече дека е „погрешно и навредливо“ вовлекувањето на Полска и на други земји во нацистичките злосторства кон Евреите во време на Втората светска војна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...