ЕУ ќе врати назад 150 илјади имигранти

и бегалци од Африка и Блискиот Исток

Лондон,23 април 2015 (MИА) - Земјите членки на ЕУ,на денешниот вонреден Самит во Брисел,посветен на големиот наплив од илегални имигранти од Африка и Блискиот Исток,начелно, се согласиле да се вратат назад,150 илјади имигранти и бегалци,кои преку Либија се префрлаат до европското копно,пишува „Гардијан“.

Овој лондонски весник тврди дека ЕУ ќе им понуди престој, само на пет илјади од овие имигранти,за кои се вели,дека „имале среќа да го преживеат„ опасното патување преку Медитеранот, во неприлагодените и претворени бродови и големи чамци,што го организираат либиските шверцери на луѓе.

Во минатата година,околу 150 илјади имигранти користејќи ја „медитеранската траса„ се дојдени до италијанскиот брег,а во првите три месеци оваа година,повеќе од 36 илјади илегалци се префрлени до бреговите на Италија,Малта и Грција.

Повикувајќи се на „доверливиот нацрт-заклучок„ од денешниот Самит во Брисел „Гардијан„ пишува дека овие 150 илјади илегалци ќе бидат вратени назад,врз основа на европските прописи за нерегуларно и илегално влегување на територијата на ЕУ,што е формална квалификација која ја користи европската Агенција за границите (ФРОНТЕКС).

Европските лидери се очекува да се согласат и за потребата од ограничена воена интервенција,врз шверцерите на луѓе на либискиот брег,со бомбардирање и уништување на нивните бродови и чамци,за да се спречи илегалниот транспорт преку Медитеранот,во кој само оваа година загинаа неколку илјади лица,од превртување и потонување на претоварените пловни објекти.

Земјите од ЕУ,планираат да преземат одлучни мерки за ставање ред во Либија,која по насилното соборување на Моамер Гадафи,се уште нема стабилна влада и власт врз целата територија на земјата. Либија се уште нема вистински Парламент,а наместо една,има две влади-во Триполи и во Тобрук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...