Вонреден самит на лидерите на ЕУ за спречување на трговијата со имигранти

Брисел, 23 април 2015 (МИА) - Лидерите на земјите-членки на ЕУ се собраа денеска на вонреден состанок на Европскиот совет со цел да ги разгледаат мерките за спречување на трагедиите на море и спречување на трговијата со имигранти по бродоломот, во кој за време на изминатиот викенд се удавија 900 лица во Средоземното Море.

Се очекува на состанокот да биде изменета одлуката за намалување на средствата за спасувачки акции и да се усвојат мерки за борба против криумчарење на имигранти, а според претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск најголем предизвик ќе биде јакнење на „европската солидарност“, посебно кога станува збор за сместување и релокација на имигранти и барањата за азил.

Туск истакна дека ова е проблем на цела Европа, а не само на нејзините јужни членки, и дека сите имаат огромна одговорност, пренесува Танјуг.

Германската канцеларка Ангела Меркел стави акцент на решавање на причините за имиграција и борба против криумчарите.

- Треба да се спречи трговијата со луѓе, да се запре криумчарењето и да се зајакне борбата против причината за имиграција. Пред се треба да се спасат човечките животи и да се усвојат адекватни мерки, наведува Меркел.

Британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека Велика Британија ќе помогне со финансиски средства, но имигрантите нема автоматски да добиваат азил во неговата земја.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини вети дека ЕУ ќе одговори на „конкретен, европски начин на ваквите трагедии“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...