Русија ги обвини САД дека испраќа војници во источна Украина

Москва, 23 април 2015 (МИА) - Русија денеска ги отфрли американските обвиненија дека во Украина разместила дополнителни системи за противвоздушна одбрана и го обвини Вашингтон дека во источниот дел на оваа земја, зафатен со конфликтот, испраќа воени инструктори, пренесе  ДПА.

-Коментарите на портпаролката Мери Харф од Стејт департментот зборуваат за засмејувачка некомпетентност, рече од Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков

Харф вчера изјави дека руската армија во источна Украина разместила нови системи за противвоздушна одбрана и дека тоа од август наваму е најголемото трупање таква техника во зоната на конфликтот, забележа ДПА.

Портпаролката на Стејт департментот, исто така, ја обвини Москва дека продолжува со испораките на тешко вооружување во источна Украина со што се прекршува последната спогодба за запирање на огнот, како и дека го зголемува своето воено присуство долж границата со Украина.

-Тоа не се случува само во тренинг базата во Јаворив, како што беше покажано на украинската телевизија, туку директно во зоната на борбени дејствија, рече Конашенков.

Американскиот амбасадор во Украина преку Твитер го отфрли обвинението на портпаролот на руското министерство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...