Ерменската црква за свети прогласи 1,5 милион жртви на геноцидот врз Ерменците

Ереван, 23 април 2015 (МИА)  - Ерменската црква денеска за свети ги прогласи 1,5 милион жртви на геноцидот врз Ермените, што бил сторен од отоманските Турци, на само еден ден пред официјалното одбележување на стогодишнината од масакрот и наспроти фактот дека Турција го отфрла терминот геноцид.

Службата за канонизација ја водеше поглаварот на Ерменската црква, Карекин II, во црквата Етцхмиаџин, на дваесетина километри од Ереван, на отворено пред градбата од IV век која се смета за најстара христијанска катедрала во свеетот.

Ѕвоната од камбанариите ѕвонеа во сите цркви во земјата, како и во големите цркви ширум светот. Оддржана беше и минута молк.

Ерменците проценуваат дека 1,5 милион лица систематски биле убиени меѓу 1915 и 1917 година, последните години од Отоманското царство, а дваесетина земји, меѓу кои се Франција и Русија, признаа дека станува збор геноцид.

Турција го отфрла овој термин и тврди дека стануза збор за граѓанска војна во Анадолија, заради која, како и заради гладта, умреле околу 300.000 до 500.000 Ерменци и исто толку Турци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...