Да се разбие илегалната миграција

и да се уништат бродови за шверц на луѓе

Брисел, 24 април 2015 (МИА) - Лидерите на Европската унија синоќа на вонреден состанок се договорија бранот илегални имигранти да го спречат со „разбивање на шверцерски мрежи, изведување виновници пред суд и запленување на нивни имот“ како и “заплена и уништување на бродови пред да се користат за трговија со луѓе“.

Тоа се наведува во заедничкото соопштение од шефовите на држави или влади на ЕУ.

Тие предочуваат дека тоа ќе биде направено со заедничко дејствување на воено-полициски и судски органи на Унијата како и со „зголемување на разузнавачката и полициска соработка со трети држави“.

Побарано е од високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини веднаш да ја подготви таа операција.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека се треба да се направи за да се спречи губење човечки животи и со операции за трагање и спасување.

Тие наведуваат дека Европол ќе открива и спречува да се појават на интернет пораки на шверцери со кои се привлекуваат мигранти бегалци, а во трети држави од кои доаѓаат илегални имигранти или преку кои преминуваат, ќе бидат воспоставени центри на ЕУ за надзор и врски.

На самитот е одлучено тројно да се зголеми буџетот наменет за операцијата Тритон за надгледување и спасување имигранти во Средоземното Море кој досега беше три милиони евра месечно.

Велика Британија понуди три воени бродови и хеликоптери во борбата против транспортот на мигранти по Медитеранот, додека Франција понуди два брода и еден авион во рамки на операцијата Тритон.

Туск нагласи дека државите од ЕУ треба да покажат „вистинска солидарност“ ид а бидат подготвени да ги „жртвуваат националните интереси“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...