Полска им забрани влез на мотоциклистите од Ноќни волци

Варшава, 24 април 2015 (МИА) - Полска нема да им дозволи на руските мотоциклисти од клубот Ноќни волци да ја преминат полската граница и да влезат на територија на Европската унија.

Во соопштението на полското Министерство за надворешни работи се наведува дека причината за таквата одлука е поради тоа што немаат прецизни информации за движењето и распоредот на мотоциклистите, поради што не можат да ја гарантираат нивната безбедност.

На руските мотоциклисти, кои не се поврзани со Ноќни волци, дозволен им е влез во Полска.

Руската федерација за мото-туризам најави дека по повод 70-годишнината од победата над нацистичка германија ќе организира свечено возење од Москва до Берлин, каде мотоциклистите треба да стигнат на 9. мај, Денот на победата.  Мотоциклистите планираат да поминат низ Белорусија, Полска, Словачка, Австрија и Чешка и да ги посетата спомениците од војната, меморијалните музеи за холокаустот и гробовите на советските војници.

Полската премиерка Ева Копач и шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек пред неколку денови идејата ја оценија како провокација. 

Ноќни волци се познати по блиските врски со рускиот претседател Владимир Путин, по нивната поддршка на анексијата на Крим и на прорруските сили кои се борат во Источна Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...