Путин побара од Оланд обновување на меѓудржавните врски

Ереван, 24 април 2015 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од францускиот претседател Франсоа Оланд да се обноват врските меѓу двете земји, кои се заладени поради кризата во Украина.

- За жал нашите врски не се во најдобра состојба, трговијата бележи пад што предизвикува жалење. Верувам дека мора да бараме начини да ги обновиме нашите врски и верувам дека тоа е во заеднички интерес, му рекол Путин на Оланд во Ереван.

Оланд го повика Путин да го имплементира мировниот договор за Украина, што е постигнат во Минск во февруари.

Двајцата претседатели разговараа и за спорната испорака на бродовите Мистрал, што Франција требаше да и ги достави на Русија уште минатата година.

Оланд најави дека Франција ќе и врати на Русија околу 1,5 милијарди евра уплатени за испораката на бродови, а Москва оцени дека тоа е прифатлива опција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...