Поради своите интереси Русија ќе оди до крај

Москва, 27 април 2015 (МИА) - Претседателот на Руската федерација Владимир Путин изјави дека Русија штитејќи ги своите интереси ќе оди до крај. Тој оцени дека со враќањето на Крим во рамки на Русија е направено се како што треба и оти за ништо не жали. 

Путин во филмот „Претседател“ изјави дека најважно било да се сфати што сакаат луѓето кои живеат на Крим.

- Им кажав дека луѓето за нас се од животна важност. Не знам какви интереси ќе штитите, но ние штитејќи ги нашите ќе одиме до крај. И тоа е многу важна работа, истакна Путин.

Тој нагласи дека Русија не можела да ги напушти луѓето кои сакале да се вратат во рамките на Руската федерација и кои „не сакале  да бидат под власт на бандеровци и националисти“.

- Не затоа што ние нешто сакаме да одземеме или одвоиме. Па дури ни затоа што Крим има стратешко значење во базенот на Црното Море. Туку затоа што тоа е елемент на историска праведност. Сметам дека исправно постапивме и за ништо не ми е жал, порача претседателот на Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...