Брисел воведува

Блокатори за мотор на автомобилите чиј возач има алкохол во крвта

Брисел, 27 април 2015 (МИА) – Европската комисија денеска промовираше реформа во борбата против зголемениот број на смртни случаи од сообраќајни несреќи, воведувајќи блокатори за мотор на автомобилите на лица што претходно биле регистрирани како управуваат во алкохолизирана состојба.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, со овие блокатори, моторот на возилото нема да може да се покрене ако се забележува алкохол во крвта на оној што седнал зад управувачот.

Заедно со брзото возење, брзото преминување низ светлосните сообраќајни знаци и некористење на појасите, возењето во пијана состојба е еден од четирите "големи убијци" што предизвикува 75 отсто од смртните случаи на патиштата. Токму затоа, со цел засилување на борбата против возењето во пијана состојба, Европската комисија денеска воведе нов систем за да се олесни примената на уред што ќе ја блокира работата на автомобилите доколку возачот има алкохол во крвта во земјите-членки на Европската унија.

Овие уреди-блокатори, според објаснувањето од неформалната Влада на ЕУ ќе можат да го спречат моторот на автомобилот да започне со работа, освен ако лицето зад управувачот нема алкохол во крвта. Па, така, со ова ново правило, во неколку земји-членки на ЕУ, оние што биле „фатени“ како возат во пијана состојба и се заведени како прекршители ќе можат и во иднина да го задржат правото да управуваат автомобил, но само да користат возила опремени со алкохол-блокатори.

Во моментов, во Унијата се применуваат различни национални правила во однос на казните за возење во алкохолизирана состојба, па нема унифициран закон за казни во овој дел на ниво на сите земји-членки. Денешната иницијатива на Еврокомисијата е важен чекор за правилата за "алкохолни-блокатори" за истите да станат униформирано правило на ниво на ЕУ. Ова е клучен придонес за понатамошно подобрување на безбедноста на патиштата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...