Мотоциклистите од „Ноќните волци" спречени да влезат во Полска

Прага, 27 април 2015 (МИА) - Мотоциклистите од рускиот клуб „Ноќни волци" кои по повод 70-годишнината од победата над нацистичка Германија организираат свечено возење од Москва до Берлин, каде треба да стигнат на 9. мај, на Денот на победата, од полските органи не биле пуштени да поминат низ земјата.

Според Полската државна телевизија, тие не исполнувале услови за влез во земјата, пренесе дописникот на МИА од Прага.

Руските медиуми известуваат дека на десетиците мотоциклисти кои ноќеска биле на граничниот премин Брест-Тереспол не им било објаснето зошто не смеат во земјата.

Според планираната маршрута ,„Ноќните волци" на патот кон Германија треба да поминат низ Белорусија, Полска, Словачка, Австрија и Чешка.

Полска уште претходно соопшти дека нема да дозволи поминување на „Ноќните волци" низ нивна територија поради тоа што немаат прецизни информации за движењето и распоредот на мотоциклистите и не можат да ја гарантираат нивната безбедност.

Чешкото Министерство за надворешни работи за време на викендот го отфрли официјалното барање на руските власти за асистенција при обезбедувањето на премин низ земјата на руските мотоциклисти, објаснувајќи дека поради приватниот карактер на настанот учесниците мора индивидуално да побараат дозвола за престој и поминување низ земјата од надлежните органи на Чешка. Притоа се додава дека доколку дека документите не можат да се обезбедат за кусо време.

„Ноќните волци" се познати по блиските врски со рускиот претседател Владимир Путин, по нивната поддршка на анексијата на Крим и на проруските сили кои се борат во Источна Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...