Лондон го отвора прашањето за нови преговори со ЕУ

Лондон, 22 мај 2015 (МИА) - Британската Влада ќе го искористи Самитот на ЕУ, што денеска се одржува во Рига, за формално да ја отвори дискусијата со европските лидери за планот на официјален Лондон за нови преговори околу односите на Велика Британија со Унијата.

Претставник на Даунинг стрит 10 изјави дека премиерот Дејвид Камерон ќе ги презентира промените што ги бара Лондон, вклучувајќи го и прашањето за социјалните бенифиции за имигрантите од земјите на ЕУ.

Самитот на ЕУ во главниот град на Летонија, кој е посветен на односите на Унијата со државите од Истокот, поранешни советски републики, не значи старт на разговорите за британските барања, објасни претставникот на кабинетот на премиерот Камерон.

Тој вели дека покренувањето на прашањето не значи ниту почеток на прегиворите, туку само информирање на европските политички лидери за она што Британија сака да се промени.

Самиот Камерон, пред заминувањето на Самитот рече дека од британска страна ќе се покрене дискусијата за односите во ЕУ, за реформирањето на Унијата и за новите британско-европски односи.

- Овие разговори нема да бидат лесни, а нема да бидат ниту брзи, ќе има различни гледање и отворени несогласувања, но работејќи заедно, во еден вистиснки искрен дух, верувам дека можеме да најдеме решение, за она што ги загрижува Британците и за унапредувањето на ЕУ, како целина, изјави Камерон.

Официјален Лондон се уште ги нема откриено сите детали за тоа што сака да се реформира во ЕУ и што се ќе се побара од Брисел, но премиерот Камерон вчера порача дека „црвена линија“ за Британците ќе биде прашањето на социјалните бенифиции за странските работници од земјите на ЕУ.

Според Камерон, британската Влада е цврсто решена да се спроведе законот со кој имигрантите од Унијата кои се во Велика Британија ќе мораат четири години да работат и живеат во земјата, пред да можат да побараат некоја од социјалните бенифиции.

Од Брисел, засега, нема реакции за решеност на британскиот премиер да го отвори „британското прашење“ на Самитит во Рига, но претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер претходно изјави дека е подготвен за еден „фер договор“ за Велика Британија, но дека за клучните европски принципи, како што е слободното движење низ ЕУ, не може да се преговара.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...