Киев, 22 мај 2015 (МИА) - Најголемата украинска топилница „Метинвест“ денеска соопшти дека еден нејзин работник загинал, а двајца се ранети, во гранатирање на нејзината фабрика за кокс во источна Украина, додека опремата во фабриката и транспортната инфраструктура се оштетени.
Тоа беше најсилното гранатирање од прогласувањето на прекинот на огнот, соопшти „Метинвест“.
Како што јави Танјуг, заради вчерашното гранатирање фабриката не е во можност да испорача финални производи, ниту да прими залихи од сировини, а производството е во прекин, се наведува во соопштението на компанијата.