Референдум во Ирска за легализација на истополовите бракови

Даблин, 22 мај 2015 (МИА) - Во Ирска денеска се одржува референдум за легализација на истополовите бракови во оваа доминантно католичка земја.

Повеќе од 3,2 милиони гласачи треба да се определат дали се согласуваат во Уставот на земјата да се додаде амандман со кој ќе им се овозможи на геј и на лезбејските двојки да ги легализираат своите врски со формален брак.

Првите резултати од денешното референдумско изјаснување, се предвидува да бидат познати утре во раните утрински часови.

Според ирскиот закон, право да гласаат на референдумот имаат само Ирците и ирските државјани кои се регистрирани и живеат на територијата на Ирска.

Референдумот за истополови бракови се одржува 22 години по одлуката на Даблин да се декриминализира хомосексуалноста во Ирска, која до 1993 година претставуваше кривично дело.

Истополовите бракови досега се легализирани во 19 земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...