Клаус: Брисел само се преправа дека ја „менаџира" Европа

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, зборувајќи на Форум организиран од Чешкиот Клуб на претприемачи во врска со Украина, Грција и миграцијата во Европа, оцени дека таму секаде задаваат грижи лошите западни решенија, кон кои Чешка пасивно се приклучува, јави дописникот на МИА од Прага.

- Кризата во Украина е вештачки предизвикана и интересно во врска со тоа е меѓу другото, дека никому не му е чудно кога ја „решаваат" Меркел и Оланд, додека комунистичките другари Могерини и Јункер никој не ги кани, изјави иронично познатиот евроскептик, или како што самиот се нерекува „еврореалист" Клаус.


Коментирајќи ја ситуацијата во Грција, која ја нарекува „лулка на демократијата", Клаус оцени дека ако на Грците не им биде дозволено да ја напуштат еврозоната и да спроведат внатрешна девалвација, тогаш тие се осудени на вечна сиромаштија, што според него многу говори за политиката во Брисел.

- Мигрантите не бегаат од ништо, туку по нешто и секој би требало да биде сместен во чамец и транспортиран до таму до каде што тргнал, рече Клаус во врска со новата миграциска политика на ЕУ да се распоредуваат мигрантите во земјите членки.

Според него, никој не верува во тоа дека помошта на мигрантите нема да има влијание врз демографскиот развој во ЕУ.

Вацлав Клаус по неговиот мандат како претседател на Чешка во март 2013 година, го основаше Институтот кој го носи неговото име, а кој е замислен како либерално-конзервативната експертска група која организира истражувања, активности, работилници, конференции и други настани и програми за професионалната и широката јавност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...