Ирците со големо мнозинство гласаа за легализирање на истополовите бракови

Геј браковите во Ирска најверојатно ќе бидат легализирани, според неофицијалните резултати од историскиот референдум, а лидерот на кампањата против легализацијата на истополовите бракови и директор на католичкиот институт Иона, Дејвид Квин, го призна поразот.

Државната телевизија РТЕ објави дека на избирачките места е забележан поголем одѕив, отколку што е вообичаено за референдумите во Ирска. Во некои градови, како што се Даблин, Лимерик и Вотерфорд гласаа и до 60 отсто од избирачите.



Телевизијата јави дека на избирачките места се видени голем број млади избирачи, а оти редовите пред некои избирачки места во текот на раните утрински часови и вечерта биле огромни.

Броењето на гласовите почнало изутрината во девет часот по локално време, а објавувањето на резултатите се очекува во текот на денов.

Квин изјави дека досега преброените гласови покажуваат дека двојно повеќе лица гласале за легализација.

- Мислам дека победи таборот кој се залагаше „за“. Бројот на излезените избирачи бил без преседан, изјави министерот за рамноправност Аодан О’Рирдан во главниот центар за пребројување на гласовите во Даблин.

Легализацијата на геј браковите е огромна промена во оваа традиционална католичка република, каде хомосексуалноста беше нелегална до 1993 година, а абортусот и натаму е забранет, освен во случај кога е загрозен животот на мајката.

Легализацијата ја поддржуваат сите водечки политички партии, додека Католичката црква е против.

На избирачите на референдумот им беше поставено прашање дали сакаат во Уставот да се додаде член кој гласи: „Брак може да склучат две лица во согласност со законот без разлика на нивниот пол“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...