Над 8.000 туристи во Дојран за продолжениот викенд

Дојран, 25 мај 2015 (МИА) - Продолжениот викенд на крајбрежјето на Дојранското Езеро го минуваат околу 8.000, претежно домашни туристи, информираат од Дорајнското туристичко биро. 

Туристичките работници велат дека за разлика од првомајските празници бројот на посетителите е скоро преполовен, но сепак изразуваат задоволство затоа што бележи тенденција на зголемување во споредба со овој период изминативе години.

Градоначалникот на Дојран Борче Стамов најави дека Општината во насока на нудење подобри услови во пресрет на летната сезона ќе преземе активности за создавање нови содржини кои ќе привлечат повеќе гости.

- Со концесионерот за риболов на Дојранското Езеро се договоривме за новата туристичка сезона на гостите да им понудиме две платформи за капење на централните плажи и три колиби кои ќе ги подигнеме во Езерото на потегот од центарот на Стар Дојран до граничниот премин со Грција. Колибите ќе бидат во стилот на оние од пред шеесет па и стотина години, кои им го олеснуваа риболовот на дојранските рибари. Со тоа на Дојран ќе му го вратиме симболот, а на туристите ќе им понудиме нова атракција, истакна градоначалникот Стамов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...