Митов и Пусиќ: ЕУ да се ангажира поактивно во Македонија

Софија, 26 мај 2015 (МИА) - Европската унија треба поактивно да се ангажира во решавањето на актулната политичка криза во Македонија, се согласиле шефовите на дипломатиите на Бугарија и Хрватска, Даниел Митов и Весна Пусиќ на вчерашната средба во Софија. 

Двајцата министри оцениле и дека не смее да се доведува во прашање територијалниот интегритет на Македонија и нејзината евроатлантска перспектива.

- Неопходно е јасно и категорично ангажирање на целата ЕУ во процесот за надминување на политичката криза во Македонија и воспоставување на трајна политичка стабилност, што ќе ги гарантира граѓанскиот и меѓуетничкиот мир, како и територијалната целовитост на земјата, изјави Митив на заедничката прес-конференција со Пусиќ. 

Според него, уште поважно е кризата да биде искористена како можност за почеток на вистинските реформи без кои не е можно почнување на преговорите за членство во ЕУ.

Хрватската вицепремиерка и министер за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ рече дека решавањето на кризата во Македонија може да се постигне само низ дијалог и соработка, како и низ позасилено присуство на европските институции во земјата.

На новинарско прашање да ја коментира изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека Македонија може да влезе во НАТО откако целосно ќе го исполни Рамковниот договор, Пусиќ одговори дека во Алијансата „тоа не е на дневен ред и нема таква политика за ставање вето“.

Митов и Пусиќ се заложија ЕУ да се ангажира повеќе во регионот за да се потврди јасната европерспектива на земјите од Балканот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...