Над 900 жени добиле медицинска консултација на Facebook страната Здрава бременост

Во изминатите шест месеци откако функционира официјалната Facebook страна на Министерството за здравство - Здрава бременост, повеќе од 900 жени побарале медицински совет или консултација за текот на бременоста и сите добиле соодветен стручен одговор од доктор-специјалист.

На дневна основа, соопшти Министерството за здравство, по еден доктор-специјалист одговара на прашањата кои биле поставени во текот на денот.

За таа цел, како што се наведува, ангажирани се 30 доктори од неколку јавни здравствени установи, меѓу кои Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, како и Заводот за здравствена заштита на мајки и деца.

Станува збор за доктори-специјалисти во областа на гинекологија и акушерство, анестезиологија, како и специјалисти од областа на педијатрија кои споделуваат стручни совети за грижа и нега на новороденчињата, со што соодветно се опфатени периодот на бременоста и постпородилниот период.

Прашањата се поставуваат во приватна порака на Facebook страната, одговорот се добивa исто така во приватна порака, а одговорите на најчесто поставуваните прашања се споделуваат јавно (без објавување на лицето што го поставило прашањето), со цел информирање на пошироката јавност за најчестите прашања за бременоста или постпородилниот период, како што се: прашања за исхраната во текот на бременоста, во која недела од бременоста кои прегледи/скрининзи треба да се извршат, физичка активност за време на бременоста, совети за доење и нега на новороденчињата, и сл.

Со овој проект се овозможува споделување корисни медицински совети и стручни консултации преку директна и непосредна комуникација со докторите-специјалисти, со единствена цел заштита на здравјето на мајката и детето, стои во соопштението од Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...