Македонија и Чешка ќе соработуваат во областа на трудот и социјалата

Скопје, 26 мај 2015 (МИА) - Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и неговата чешка колешка Михаела Марксова денеска во Прага потпишаа Меморандум за соработка од областа на трудот, вработувањето и социјалната политика.

Како што соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, Република Македонија и Чешката Република имаат заеднички интерес за развивање на соработката и пријателските односи.

- Токму поради тоа, со потпишувањето на Меморандумот се предвидува активна соработка на двете министерства во делот на грижа за лица од ранливите групи, социјални услуги, социјално осигурување, социјални бенефиции, законот за работни односи, политики за пазарот на труд и вработување, социјален дијалог и колективно договарање, се вели во соопштението.

Во него се додава дека со склучениот меморандум се предвидува и започнување заеднички проекти, организирање конференции, семинари, студиски посети... 

Овој тип на размена на искуства и продлабочување на соработката со земјите членки на Европската унија, се истакнува во соопштението, го помага евроинтеграцискиот процес на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...